Мобилниот телефон на возачот на „Дурмо турс“ предаден на вештачење

129

Пред да излета од автопатот автобусот на гостиварската компанија „Дурмо турс“ возел со брзина меѓу 80 и 85 километри на час, говорат прелиминарните неофицијални информации од истрагата, кои се добиени од тахографот вграден во возилото.

Дополнително, машински инженери ќе проверат дали уредот за мерење брзина била исправен пред да се случи несреќата. Во петокот на обвинителите им е предаден и  мобилниот телефон на возачот Мане Трифуновски, кој е пуштен на домашно лекување.

„Побарана е анализа на листинзите , кога возачот разговарал последен пат на мобилниот телефон, дали користел некоја апликација на интернет“, соопштија од обвинителството.

Анализите од крвта и урината на возачот покажаа нема присуство на алкохол и дрога. Преку распит на преживеаните патници ќе се испитува дали разговарал со некого во автобусот или нешто друго му го одвлекло вниманието.

Додека обвинителството сѐ уште ја истражува катастрофалната несреќа, гостиварци, роднини на повредените во петокот за медиумите кажаа за уште еден инцидент со автобус на компанијата „Дурмо турс“.

 

Освен одговорноста на возачот, истрагата ќе утврдува и дали бил исправен автобусот, а за тоа на распит ќе биде повикан и сопственикот Дурмиш Белули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.