Мочање од ќерамиди

Каков циркуз на будали. Невиден досега. Едно само знам, дека вакво нешто може да ни приреди само СДСМ и никој друг. Никој друг не е способен за вакво газење на институциите на системот, на законите, на државата. Не им е прв пат, со нивните калливи арамиски чевли да ја газат Македонија. Да го газат достоинството на граѓаните и да ја навредуваат интелегенцијата на граѓаните. Тоа некако им стана навика. А, Сашо Мијалков ви докажа дека не ве бива. Што викаат, магаре у г’с не знаете да клоцнете. Човекот кога сака плива, кога сака се сунча. Беше редовен и исполнителен кон сите свои обврски во судските процеси против него. А, не само кон тие обврски, туку и кон политичките. Им овозможи нешта, кои СДСМ сами никогаш, ама никогаш неможат да ги постигнат. Тој сам вреди колку тие цела партија. Од прв до последен. Од нивниот лидер Зоран Заев, до чистачката на Павел Шатев или Бихаќка, како и да е. Табула раза се бре за него у сите погледи.

Е сега, како и сите лихвари, бандити, криминалци, арамии…, така и овие. Кога ќе им дадеш прст, бараат цела рака. И бараа, бараа, бараа…, а тој им испорачуваше, додуша дозирано, ама испорачуваше. Беше исполнителен. Завршните сметки со милионски цифри на неговите фирми го покажуваат тоа. На крајот за да им покаже дека сеуште е далеку над нив, иако тие ги имаат сите државни инструменти в рака, го фати температура. Како што и самиот рече: „Ќе го фати чоек еден ден температура малку, и одма непријатности“.

Ги дриблаше од неделата попладне, до вторникот попладне. Кичми им искрши. На крај им дојде. Сам. Во блузичка, онака лабаво облечен и опуштен, а имал температура. И јавно, пред камерата која си ја нарачаа, од кај батета, ги измоча од ќерамди за крај. Им се извини. Јавно им се извини што ги измоча, а всушност со тоа пак ги измоча. А, му ги киднапирале и сопругата и децата, и му се заканувале со тоа, и со заплена на имот и со се’. Не дека, он не помислил на тој момент, покурназ е од нив. И отиде таму, во таа иснтитуција, каде што тој сакаше, не каде што тие сакаа, и каде македонските закони наложуваат. За да види „кој ќе го пречека“. За сите во Македонија важи законот дека судот одредува притвор, само за Сашо Мијалков, важи законот што тој сака да важи. Точка. Се’ е кажано. Колку сакаат нека си прават пресови и Заев и Спасовски и Русковска. На тие пресови изгледаат како паљачовци. Забава за народ, на која колку повеќе се кршат да објаснуваат, толку повеќе прават будали од себе, башка што плус Мијалков ги прави будали кога сака и колку сака. А, Спасовски, пак, трипл-дабл во глупирање. Го пуштија прво сам да објаснува пред цела јавност, а во исто време, очигледно без негово знаење, си преговарале и се договарале со Мијалков. За на крајот вечерта, откако Сашо се појави, заедно со Заев пак Спасовски да излезе во јавност да се кршат сега двајцата и да објаснуваат.

Па, ќе имало правда за сите, подеднакво. Сите биле исти пред законот. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара. Бреееј. Па друже Заев, ако тоа се случи, да профункционира правдата, тогаш ти прв на челу колоне треба да се јавиш у Идризово.

Ама не сте криви вие, и слепците партиски околу вас, кои ви глумат дека веруваат на вашите празни муабети.

Малку му е на овој народ. Може повише и појако.

Автор: Дејан Николовски