По примерот на најмодерните спортски телевизиски мрежи, македонската телевизија НОВА денеска преку модерна графичка презентација го најави дербито на вечерта од фудбалската Лига на шампиони помеѓу ПСЖ и Челзи, кој ќе се одгра на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Со досега невидена технологија на нашите телевизии, ТВ НОВА преку 3Д графика ги претстави можните состави и можните формации за вечерашното дерби. Ваквата презентација само ги потврдува најавите од телевизијата дека станува збор за нов медиум опремен со најсофистицирана телевизиска опрема.
Модерната графичка презентација и 3Д графика е само уште еден од многуте современи новитети кои новата телевизија им ги претставува на мaкедонските гледачи, по теркот на на најмодерните светски телевизиски мрежи.