„Moderna“ планира фабрика за производство вакцини mRNK во Африка

Американската фарамцевтска компанија „Moderna“ планира да вложи околу 500 милиони долари за градење фабрика во Африка во којашто годишни бо се произведувале до 500 милиони дози од mRNK вакцините, вклучително и оние против Covid-19, во екот на протисокот врз фармацевтската индустрија за производство и пласман на лековите на континентот.

Покрај производството, на истата локација би можеле и да се пакуваат вакцините, се наведува во соопштението на команијата, но не се споменуваат специјалните услови за транспортот на оваа вакцина која треба да се чува на поларни температури од минус 70 Целзиусови степени. Од компанијата, исто така, објавија и дека наскоро ќе решат во која африканска земја и на која локација ќе ја градат фабриката.

„Очекуваме во овој погон да се прозиведува нашата вакцина против Covid-19, како и дополнителни производи од нашиот портфел mRNK вакцини“, изјави во четвртокот Стефан Бансел, извршниот диектор на „Moderna“.

Потегот следеше во времето додека се разгорува дискусијата меѓу фармацевтската компанија и влада во укинуивањето на правото на интелектуална сопственост на вакцините против Covid-19, за да се стави крај на пандемијата и земјите во развој да им се овозможи поголем пристап до вакцините откако богатите земји набавија големи количества на годинешните резерви од вакцините.

Декларативно САД најавија дека ќе ја поддржат оваа идеја, но се спротиставуваат фармацевтските компании коишто тврдат дека мора да го надлгедуваат секој пренос на технологииите поради сложеноста на производствениот процес.

Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и нејзиниот партнер германската технолошка компанија „BioNTech“ во јули постигнаа договор со јужноафриканската комапнија „Biovac“ за помош во производството на околу 100 милиони дози од нивната вакцина против Covid-19 во Африка на годишно ниво.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) се обидува да ги убеди „Moderna“, „Pfizer“ и „BioNTech“ да ги здружат силите за планот за создавање африкански центар за пренос на технологиите. Минатиот месец висок функционер на СЗО за агенцијата Reuters рече дека нема многу напредок во разговорите со „Moderna“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.