„Модерна“ во Австралија ќе отвори фабрика за вакцини против ковид

Лабораторија „Модерна“ денеска објави дека ќе отвори фабрика за РНК-вакцини во Мелбурн со што ова ќе биде нејзина прва фабрика на јужната хемисфера.  Таа ќе произведува околу 100.000 дози вакцини против коронавирус, сезонски грип и други болести. Вакцината на „Модерна“ беше меѓу првите вакцини што ја користеа новата РНК-технологија развиена за време на пандемијата.

Ваквите вакцини, кои можат брзо да се развијат, користат молекула која го „учи“ телото да ги идентификува и да се бори против вирусите, како што е коронавирусот, за разлика од традиционалните вакцини кои содржат мали дози на бактерии или вируси.

Изградбата на фабриката на „Модерна“ треба да започне оваа година и да заврши во 2024 година.

Австралија забележа зголемување на бројот на случаи на коронавирус во последните месеци. Вирусот стана трета водечка причина за смрт во земјата во 2022 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.