Свет

светски економски форум во давос Моди: Глобализацијата губи од привлечноста

Моди: Глобализацијата губи од привлечноста

Протекционизмот се шири, а глобализацијата губи од привлечноста, но Индија е отворена за деловна соработка, изјави во вторникот премиерот на оваа азиска држава Нарендра Моди на првиот ден од Светскиот економски форум во швајцарски Давос.

Премиерот Нарендра Моди во швајцарското монденско зимско одморалиште предводи голема владина и деловна делегација, најголема во 48-годишното индиско присуство во Давос, а ова е првпат во 21 година тоа да го прави некој премиер на Индија. Целта му е да ја претстави својата земја како брзо растечка економска сила и потенцијален поттикнувач на светскиот економски раст.

Неговиот осврт на зголемувањето на бројот на трговските бариери доаѓа во пресрет на обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп подоцна оваа седмица, кој за САД заговара економска политика којашто во прв ред ги става американските интереси.

„Наместо глобализацијата, се крева силата на протекционизмот. Нивната желба не е само да се спасат од глобализацијата, туку да го променат нејзиниот природен тек. Резултат на тоа е она на што сме сведоци со воведувањето на нови видови тарифни и нетарифни бариери. Се чини дека билатералните и мултилатералните трговски преговори се запрени,. Забележано е забавување на прекуграничните финансиски инвестиции, а експанзијата на светскиот синџир на снабдување забави“, изјави Моди на отворањето на форумот на кој учествуваат 70 челници на држави и влади, признати експерти од деловниот и банкарскиот свет.

Трамп ја заговара политиката „Америка на прво место“ која ги поттикнува компаниите да инвестираат во САД наместо во другите држави, што ѝ наштетува на експанзијата на брзорастечките економии како што е Индија кои зависат од странските инвестиции. Трамп во својата кампања претседателска кампања во есента 2016 година ја обвини глобализацијата за заминувањето на американските фабрики кои побараа пониски трошоци на работењето во Мексико и други земји во странство.

Моди реле и дека климатските промени се голема закана за светот кој не успеа да се обедини во борбата против нив. Истакна дека сите сакаат да се намалат емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, но дека богатиот дел од светот не е подготвен со новите технологии да им помогне на економиите во развој.

Индија, една од најброзрастечките економии станува сѐ поголем загадувач, објави дека останува доследна на спасување на природната средина и покрај тоа што во јануари Трамо објави дека САД се повлекуваат од Парискиот климатски договор.