Моди предлага самит на Индија, Русија и Кина

Индискиот премиер Нарендра Моди му предложи на рускиот претседател Владимир Путин на маргините од самитот на Г20 подоцна во јуни во јапонскиот град Осака, да се држи и тристрана средба во форматот Русија – Индија – Кина.

Моди и Путин се сретнаа во четвртокот во Бишкек во рамјките на самитот на регионалните земји.

„Се надевам дека наскоро повторно ќе се сретнеме во Хапонија, Таму, исто така, сметам дека треба да одржиме разговори во форматот РИК: Русија – Индија – Кина“, изјавил за новинарите Моди. Изразил и уверување во неопходноста од ваквите контакти на челниците на трите земји и во други прилики.

Моди, исто така, му се заблагодарил на Путин за честитките поради неговиот неодамнешен реизбор на премиерската должност.

„Ми честиташе дури и пред да бидат објавни конечните резултати. Минатата година се сретнавме во Индија. На некој начин ја предвидовме мојата победа минатата година“, истакнал индискиот премиер.

Моди се забалгодарил и за наградата со рускиот орден на Свет Андреј. „Тоа претставува голема чест за мене, знам дека ова е највисоката државна награда во Русија. Од името на индискиот народ, сакам да ја изразам и својата благодарност“, рекол Моди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.