Моди вети дека Индија ќе му помага на „целиот свет“ со производство на вакцината за Covid-19

Индискиот премиер Нарендра Моди вети во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации во саботата дека производните капацитети на својата земја за производство на вакцина против новиот коронавирус ќе ја направат глобално достапна во справувањето со пандемијата

„Како најголем произведувач на вакцини на светот, јас сакам денеска да ѝ дадам уште едно ветување на глобалната заедница. Индиските капацитети за производство и испораки на вакцини ќе бидат искористени за да му се помогне на целото човештво во борбата со оваа криза“, изјави индискиот премиер Моди во претходно снименото обраќање.

Моди рече дека Индија напредува со третата фаза од клиничките испитувања, односно со испитувањето на вакцината на голем број луѓе, што се смета за клучната фаза за утврдување на безбедноста и ефикасноста на вакцината. Додаде и дека Индија ќе им помогне на сите земји да ги унапредат капацитетите за складирање вакцини и лекови, какои на синџирот за испорака на вакцината.

Претходно во август Моди изјави дека Индија е подготвена за масовно производство на вакцината кога ќе ја одобрат научниците. Но во септември неговата земја бележи остар скок на дневот број коронаинфекции и досега се регистрриани 5,8 милиони случаи, а повеќе зарази има само во САД.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш се залага за „народна вакцина“, односно за вакцина којашто ќе биде достапна и поволна насекаде во светот, а во вторникот изрази загриженост дека некои земји „наводно склучуваат посебни договори само за своето население“.

„Таквиот ‘вакционизам’ не е само нечесен, туку е и самопоразувачки. Никој од нас не е безбеден, додека сите не се безбедни. Сите тоа го знаеме“, порача Гутереш на Генералното собрание на ОН.

Австралискиот премиер Скот Морисон пред Генералното собрание во петокот рече дека „кој и да ја пронајде вакцината мора да ја сподели“.

„Некои можеби гледаат можност за краткорочна предност или дури напредок. Меѓутоа, го уверувам секој кој би можел така да размислува дека човештвото ќе има многу добро паметери ќе биде многу, многу остар судија. Тоа е ветуивање кое сите мораме да го дадеме“, рече Морисон и порача дека Австралија ќе ја споделува вакцината доколку ја создаде.

Папата Франциск, исто така, во петокот пред Генералното собрание рече дека сиромашните и најслаби членови на општеството треба да бидат приоритет кога вакцината ќе биде подготвена.