Модната дизајнерка Кејт Спејд најдена мртва во станот на Менхетен

Познатата дизајнерка Кејт Спејд е пронајдена мртва во нејзиниот стан на њујоршки Менхетен, објави во вторникот електронското издание на списанието The Hollywood Reporter,повикувајќи се на полициски извори., според кои 55-годишната модна креаторка извршила самоубиство.

Полицијата засега не излегува со поединости поради истрагата којашто е во тек. Изворите на The Hollywood Reporter блиски на истрагата рекле дека Спајд оставила проштална порака и дека била пронајдена обесена од домашната помошничка во станот на „Парк Авенија“.

Полициски извори потврдиле дека сите околности на смртта укажуваат на самоубиство. Меѓутоа, содржината на пораката не ја обелоденува во оваа фаза на истрагата.

Популарната модна дизајнерка славата ја стекна во деведесеттите години од минатиот век. Таа беше една од основачите на модниот бренд Kate Spade New York кој во својата рана фаза беше специјализиран за женски торби, а потоа лансираше линија на облеката и додатоци.

Спејд зад себе ги остави сопругот Енди и тринаесетгодишната ќерка Френсис.