Модриќ најавува голема борба против Бразил

Утре започнува четвртфиналната фаза на Светското првенсто, а првот меч ни носи пресметка меѓу актуелниот вицешампион Хрватска и тимот кој според многумина е прв фаворит за пехарот на турнирот-тоа е селекцијата на Бразил.

„Кариоките“ важат за фаворити, но „коцкестите“ немаат намера да се предадат, предвреме да се откажат и најавуваат голема борба во Ал Рајан.

-Направивме голема работа со пласманот во четвртфиналето, но сакаме повеќе. Можеби не чека најголемиот натпревар на турнирот. Според прикажаната игра се меѓу главните фаворити. Мора да бидеме реални, треба да го дадеме максимумот како што досега го дававме. Не сме задоволни со влезот во четвртфиналето. Имаме своја сила, веруваме во себе и така ќе се позиционираме на теренот, -порача капитенот Лука Модриќ.

-Сум играл неколку пати против Бразил, но се уште не сме успеале да го победиме. Се надевам дека таа традиција ќе се промени. Бразил има феноменални играчи на секоја позиција, ќе мора да бидеме агресивни, да се тркаме на високо ниво. Не смееме да дозволиме да се разиграат. Ќе мора да бидеме агресивни и цврсти кога ја немаме топката

-Не се занимаваме со статистика и анализи, фокусирани сме на нас. Нормално е секој да му дава повеќе шанси на Бразил, но многупати сме покажале дека фаворитите не секогаш победуваат. Ги почитуваме, но веруваме во нас и способни сме за се, -додаде Лука кој на теренот ќе се соочи со познати имиња.

-Со нетрпение очекувам да играм против некои поранешни и сегашни соиграчи, но дури по натпреварот можеме да бидеме пријатели. Секој се гледа себе и се бори за својата земја, -заклучи ветеранот.

Средбатата се игра утре од 16 часот.