Модриќ ќе игра уште три години

Фудбалерот на „Реал“ Мадрид и капитен на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, кој вчера ја доби наградата за најдобар играч на светот, смета дека на сегашното ниво ќе биде во можност да игра уште две или три години и ќе продолжи да освојува трофеи со „Реал“ и со „коцкестите“.

Работев напорно за да освојам титули со „Реал“. Иако имам 33 години, се чини дека се подобрувам секоја година. Се чувствувам многу добро. Подобро отколку што очекував. Очекувам дека ќе продолжам на ова ниво на игра уште две или три години и ќе продолжам да освојувам трофеи со „Реал“ и со националниот тим, изјави Модриќ.

Играчот од средниот ред на европскиот првак вчера на свеченоста на ФИФА во Лондон ја освои престижната награда во конкуренција на Кристијано Роналдо и на египетскиот напаѓач Мохамед Салах.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.