Модриќ во оваа земја од Истокот важи за неприкосновен секс симбол

Во Јапонија Лука Модриќ се смета за секс симбол. Ова го открива еден од авторите на биографијата на Модриќ „Синот на војната” – Винсенте Азиптарте. Тој ја напиша биографијата на Модриќ која постигна голем успех и на јапонскиот пазар.

Таму, истакнува Азиптарте, биографијата на насловната страница била сосема поинаква отколку во остатокот од светот. Јапонците одлучиле да ја илустрираат книгата со фотографија на која Модриќ гледа во далечина. Азиптарте веднаш прашал зошто, а добил и одговор од уредникот на јапонското издание на книгата, кој му кажал дека кај Азијатите постои тенденција да личат на луѓе од Западот, а токму Модриќ бил најсоодветен лик.

Модриќ во Јапонија се смета за еден од најатрактивните фудбалери во светот. Тој се смета за попривлечен од Кристијано Роналдо – истакнал издавачот.

Никогаш не помислив дека Модриќ некаде може да се смета за секс-симбол, вели Азиптарте. Инаку, биографијата „Лука Модриќ: Син на војната” беше претставена во Мадрид во 2016 година.