Могенс Лукетофт нов претседател на Генералното собрание на ОН

Данецот Могенс Лукетофт ќе биде новиот претседател на Годишната сесија на Генералното собрание на ОН, која ќе почне со работа во септември.

Тој на есен ќе го замени досегашниот претседавач Сам Кутеса од Уганда.

Следната Годишна сесија на Генералното собрание ќе биде јубилејнам 70-та, а интересно е што Лукетофт токму за време на неговиот мандат, на 9 јануари 2016, ќе го прослави 70. роденден.

Социјалдемократот Лукетофт моментно е претседател на данскиот Парламент. Тој е поранешен министер за финансии и за надворешни работи.