Могерини: Патот кон ЕУ е неповратен, а вратите се отворени

Патот кон европската унија е неповратен, а вратите се отворени, порача високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. По состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија, ги повикаа сите политички партии и граѓаните да ја поддржат имплементацијата на договорот за името со Грција.

Со доаѓањето на еврокомесарот Хан идниот вторник во Скопје почнува и скрининг процесот како прв чекор кон отворање на пристапните преговори со унијата во јуни 2019 година.

Сетете се, пред само еден месец договорот не беше потпишан, поканата за НАТО не беше доделена и ја немаше одлуката на Советот со временска рамка за преговори, за помалку од еден месец се наоѓате во сосема различно место, рече Могерини.

Според Еврокомесарот Јоханес Хан, скринингот значи дека ЕУ гледа до каде се областите на владеењето на правото и поглавјата 23 и 24 , основа за старт на преговори, до каде е земјата за да им препорачаме на земјите членки одредници за отворање кои ќе доведат до конкретни преговори.