Могерини се надева дека следниот шеф на дипломатијата на ЕУ ќе биде партнер од доверба

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија Федерика Могерини денеска изјави дека се надева оти на местото шеф на дипломатијата на ЕУ ќе ја наследи некој посветен и кој ќе знае да ја консолидира работата постигната за време на нејзиниот мандат.
– Се надевам дека тоа ќе биде некој посветен и приврзан, кој доаѓа од сферата на надворешната политика, но и безбедноста и одбраната, со цел работата што ја направивме за четири и пол години да може да се консолидира, посебно во областа на одбраната, безбедноста и глобалната стратегија на ЕУ, изјави Могерини.
Таа по доаѓањето на самитот на ЕУ на кој се разговара за именување на нови челници на институциите на Унијата, порача дека и покрај моменталната внатрешна транзиција, ЕУ останува фокусирана на својата глобална улога и мора на своите пријатели во светот да им испрати јасна порака дека секогаш е ангажиран, посветен и партнер од доверба