Мохамед Алави објави дека е именуван за нов премиер на Ирак

Пораншениот ирачки министер за телекомуникации, Мохамед Тафик Алави, објави во саботата на Twitter дека претседателот на земјата Бархам Салех го именувал за премиер, по кризата од крајот на минатата година околу изборот на претседателот на владата.

Претседателот Салех и парлементот не издадоа официјални соопштенија за именувањето на Алави.

Именувањето на Алави дојде два месеца по оставката на неговито претходник Адел Абдел Махди на почетокот од декември, под притисокот на масовното протестно движење коешто започна на 1-ви октомври поради нестручност и корумпираноста на политичките елити. Деновиве имаше и помали протести по најавата дека Алави може да биде именуван за премиер.

Во видео-снимката објавена на Twitter, 65-годишниот Алави рече дека Салех хо именувал за премиер и дека ќе води сметка за барањата на демонстрантите.

„По именувањето (…), прво би сакал да ви се обратам вам. Ве молам да ги продолжите протестите, бидејќи ако вие не сте со мене, ќе бидам сам и нема да можам да сторам ништо. Доколку политичките блокови сакаат да ми ги наметнат своите кандидат (за министри), ќе излезам, ќе дојдам пред вас и ќе го одбијам ова именување“, рече Алави обраќајќи им се на демонстрантите на еден од ирачките дијалекти.

Според ирачкиот устав, Алави има на располагање еден месец да ја состави владата, којашто подоцна треба да ја потврди парламентот. Ирачките влади најчесто се формираат врз основа на консензус на политичките ривали, по тешки преговори за распределбата на важните ресори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.