Новиот менаџер на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, побарал од клупските челници под итно да испратат официјална понуда за репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на Борусија од Дортмунд, Илкаи Гундоган.
Иако се уште преговара со челниците на Борусија околу новиот договор, германските медиуми се убедени дека 23-годишниот играч за врска ќе ја смени клупската средина за време на летниот преоден рок.
Наследникот на сер Алекс Фергусон е убеден дека се потребни околу 25 милиони фунти за да се осигураат услугите на Гундоган, но таква понуда, а можеби и побогата подготвуваат и раководните лица на Арсенал, Челзи, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид.