Мојес нуди 50 мил. фунти за Рос Баркли и Лук Соу

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес пред неколку недели беше информран дека ќе добие буџет од најмалку 100 мил. фунти кој ќе може да го потроши за време на летниот преоден рок но под еден услов, неговиот тим на крајот од актуелната сезона да обезбеди место кое води или во групната фаза или во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Освен што планира да ангажира најмалку еден елитен дефанзивец, кој ќе биде замена за Немања Видиќ, наследникот на сер Алекс Фергусон планира да потроши околу 50 мил. фунти за репрезентативците на Англија и стандардни првотимци во дресот на Саутемптон и Евертон, Лук Соу и Рос Баркли.

Според Мојес, Баркли вреди околу 30 мил. фунти и ќе биде идеален партнер на шпанскиот интернационалец Хуан Мата, а Соу ќе биде ангажиран како замена за францускиот интернационалец Патрис Евра кој на крајот од актуелната сезона ќе си замине од “Олд Трафорд” како слободен фудбалер.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.