Молдавија влегува во криза, повикува на повлекување на руските мировници од Приднестровје.

Среде војната на своите граници и низата терористички напади во нејзината одметната покраина, Молдавија повиква на повлекување на риските митовни сили кои повеќе од три децени се стационирани во Приднестровје, „бидејќи сака мирно решение на судирот“, изјави во вторникто молдавската премиерка Наталија Гаврилица.

„Молдавија ја користи платформата на Обединетите нации за да бара повлекување на руската војска од приднестровската територија на Молдавија и за да се сврти вниманието на кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнает режим“, изјавила Гаврилица на брифинг во понеделникот.

Според неа, Кишиње сака да пронајде „мирно решение за судирот“, кој инаку е завршен пред три децении, „што ќе овозможи развој на земјаа во полза на сите грашани“.

Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите војниди од Приднестровје, Резолуцијата ја поддржаа 64 земји, 14 бра против а 83 неа воздражани.

Иницијативата на Кишињев доаѓа во многу чувствителен момент кога во Укрина која дели граница со Молдавија трае руската офанзива. Во Приднестровје, според одредени податоци, над 60 отсто од населнието се Руси и Украинци, како и други рускојазични заедници.

Покрај тоа, изјавата на премиерката Гаврилица доаѓа откако властите на самопроглесената молдавска Приднестровска република објавија викендов дека регионот кој се наоѓа близу укранската граница во текот на изминатата ноќ бил четири пати нападнат, најверојатно со дронови.

Нападите биле изведен во округот Рибница на северот од регионот. Руските војници ја чуваат воената база со големо складиште на муниција од советскиот период во овој округ на границата со Украина. Во соопштението на властите во Тираспол не се наведува кој се сомничи за овие напади, но за претходните три терористички напади рече дека извршителите дошле од територијата на Украина.

Киев негира дека е вмешен во претходноте напади во Приднестровје и очекувано ја обвинува Русија дека наводно дека сака да предизвика војна, иако украински функционери претходниот период изјавуваа дека Украина е подготвена да го заземе регионот доколку тоа го одобри Молдавија.

Украина е подготвена да го заземе Приднестровје, изјави na 27-ми април Олексиј Арестович, советник во кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Да, би се справиле некако, но тоа е територија на соверена Молдавија, само по апел од молдаваската страна. Можеме да се справиме доколку е потребно“, идговори Арестович на прашањето дали Украина е во состојба да го заземе споменатиот отцепен молдавски регион.

Последниот период во непризнатата проруска Приднестровска молдавска република без изведени неколку терористички напади, врз министерството за безбедност, радио-комуникациски антени и во близина на воена локација. Извори во Тираспол изјавија дека нападите ги извршиле три засега неидентификувани лица кои влегле од територијата на Украина.

Покрај тоа, властите на самопрогласената република известија дека од украинска територија бил отворен оган во правец на селото Колбасна, каде што се наоѓаат воени магацини.

На територијата на Приднестровје од 1990-те години е распоредена оперативна група на руските војски, која ја замени 14-та комбинирана армија, којашто по распадот на СССР беше поставена под јурусдикција на Русија. Нејзината главна задача е мировната мисија и заштита на воените складиште.

Молдавската влада на почетокот од мај изрази загриженост откако заменикот-командант на рускиот Централен воен округ, генерал-мајорот Рустам Минекаев, зборувајќи за целите на руските воени дејствија во Украина е да се спојат обласите под контрола на руските сили во Украина што ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.

Контролата на југот на Украина, според Минекаев, ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.

Приднестровје, или Трансдњестрија, каде што главно живеат Руси, русофони и Украинци, во 1990 година, пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на оваа земја, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица. Оттогаш, практично Приденстровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.

Рускиот баталјон со 400 припадници беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдавија и Приднестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои се вклучени и воени набљудувачи од Молдавија и од Украина.

Парламентот во Приднестровје кон средината на април 2014 година поднесе барање до рускиот парламент и претседателот на Руската Федерација да започнат процедура за признавање на независноста. Одлуката се заснова врз резултатите од референдумот од 2006 година кога дури 97 отсто од гласачите ја поддржале независноста на Придњестровје како и барањето за присоединување кон Русија.