Терористичка ќелија, која била подготвена да нападне е елиминирана при денешната операција во Сен Дени, изјави денес обвинителот на Париз, Франсоа Моленс.
Моленс посочи дека полицискиот упад во северното париско предградие Сен Дени бил поврзан со петочните терористички напади во Париз.
– Се наликува дека тие можеле да се активираат, изјави обвинителот.
Извори на западните агенции претходно информираа дека осомничени радикални исламисти, против кои била насочена акцијата, планирале напади во парискиот бизнис кварт „Дефанс“. Неколку полициски претставници изјавија дека цел им биле трговскиот центар „Катр тан“ и главниот плоштад во „Дефанс“.
Обвинителот Моленс изјави дека Абделхамид Абауд и Салах Абдеслам, двајцата терористи по кои се трагата за петочните атентати, не се меѓу уапсените во денешната операција, но не ја исклучи можноста да се меѓу убиените.
Моленс објасни дека уште не е познат ниту точниот број на жртви, ниту нивниот идентитет.
Во и околу станот во кој беше изведен упадот на полицијата приведени се вкупно осум лица.
-Иследниците не можат да го утврдат ниту идентитетот на тројцата мажи, кои се уапсени во станот, рече Моленс, цитиран од британските медиуми.