Молеровиќ: Ги охрабрувам наставниците да ги кажат забелешките, мислењата и искуствата

„Мора да се каже како ќе се прави реформата во образованието. Со години се црпи искуството, кои се проблемите на наставниците, на учениците па и на родителите, па тогаш да се види каков е овој процес и што треба да се промени. Не знаеме дали ова е успешна реформа. Длабоко подготвување треба. Во училиштата кај нас имало интегрирање настава, за да има поинтересна настава. Тоа се прави и денес. Оценувањето е тешка работа, на наставниците им треба едукација, при образложувањето на оценката. Поентата е  – што и да направиме и да имаме најидеална идеја, секој од дебатите ќе каже некој различно. За секоја реформа, клучни се наставниците. Мора наставникот да е едуциран комплетно, комуникациски вештини да има. мора да се оспособат наставниците, да бидат подготвени. При отворена расправа ќе може секој наставник да си го каже своето мислење. Ги охрабрувам наставниците, да ги кажат своите искуства“ – проф. Наде Молеровиќ, историчар, поранешна директорка на ОУ „Гоце Делчев“.