Молк по крвавиот инцидент меѓу делчевските социјалдемократи

Крвав инцидент во Делчево. Жестока тепачка се случила вчера каде главните улоги ги имале членови на СДСМ од овој град.

Како што објави порталот НетПрес, В.В. претседател на СДСМ во Делчево и сопственик на угостителски објект, за кој негови сограѓани велат дека е дивоградба во центарот на градот, во неговиот локал по кратка вербална расправа за ветено а не исполнето вработување, физички го нападнал сопартиецот Д. П. Наводно, во физичката пресметка нападнатиот добил тешки повреди на лицето и фрактура на носот.

Но, за овој инцидент иако денес се зборува меѓу делчевци, а медиумите веќе објавија што се случило, по се изгледа добиена е наредба да се молчи.

Напаѓачот важи за моќник поради партиската функција и поради оние кои му го чуваат грбот.

Според информациите кои ги објави НетПрес, ова лице е близок со заменик командирот на полициската станица Делчево, па не се исклучува можноста да е дадена наредба овој случај да се заташка.

Од порталот Курир се обиделе да стапат во контакт со сите инволвирани лица: со нападнатиот, со насилникот и со заменик командирот во полициската станица.

Прво го побарале нападнатиот Д.П., кој според информациите кои излегоа во јавноста бил нападнат од својот сопартиец од СДСМ. Неговата телефонска линија беше постојано зафатена, по што му испративме порака на која не одговори.

На нивниот телефонски повик не одговори ниту В.В. Иако дел од медиумите пренесоа дека тој е во бегство и не е достапен, за Курир испратил автоматска порака: „На состанок сум, ќе ти се јавам за кратко“.

Портлот возвратил со порака со содржина: „Според изјави на очевидци и како што објавија медиумите, вчера физички сте го нападнале лицето Д.П. во Делчево. Ве молиме за коментар, дали е ова вистина и што точно се случило“?

Но тој ниту се јавил, ниту вратил текстуална порака како одговор.

КУРИР сакал да земе изјава и од заменик командирот на Полициската станица Делчево. Не одговори ниту на телефонскиот повик, ниту на СМС пораката.

Крвава тепачка среде мал град, каде сите се познаваат меѓу себе, не може да се заташка. Колку и да се обидуваат да избегнат одговори, одговорност мора да има. Според неофицијалните информации, како да не било премногу и тоа што беше претепан, туку Д.П. бил и жртва на закани и притисок за случајот да молчи.

Целата партиска машинерија на СДСМ во Делчево во обид да премолчи настан кој е доказ дека младината не е безбедна.

Згора на се, да биде иронијата поголема, од СВР Штип потврдуваат дека има пријава за инцидентот, но не за тепачка, туку за нарушен јавен ред и мир. И како предизвикувач и виновен за инцидентот го наведуваат тој што изел ќотек, а не тој што тепал.

„Вчера во 18:20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Методија Митевски-Брицо“ во Делчево, од страна на Д.П.(25) од Делчево бил нарушен Јавниот ред и мир, кој во алкохолизирана состојба искршил неколку чаши и шишиња во објектот, по што започнал и вербална расправија со В.В.(33), сопственик на угостителскиот објект. Се работи на документирање на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од полицијата.

Молчи дури и докторката која го прегледала претепаното момче.

Дека случајот по секоја цена се турка под тепих, сомнежите ги потврди и докторката од Брза помош, која прва интервенирала врз претепаното момче и која прво не сакаше да даде изјава, а кога повторивме дека се јавуваме од порталот „Република“, панично ја спушти слушалката“, објави порталот.