Молотов коктел фрлен во продавница во Тетово, пожарникарите го гаснеле пожарот

Шише со запаллива течност ноќеска било фрлено во продавница во Тетово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), посочувајќи дека оштетен бил долниот дел од излогот и стаклото, но нема повредени лица.

Огнот е целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица, а случајот е пријавен околу 2 часот и 30 минути.

– Околу 2 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на излог од продавница на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово, сопственост на 66-годишниот Е.Ј. од тетовско Шемшово било фрлено шише со запалива течност. Оштетен е долниот дел од излогот и стаклото. Нема повредени лица, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи – информира портпаролот на СВР

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.