Молотов коктел пред домот на млад прилепчанец

Молотов коктел бил фрлен пред домот на прилепчанец во раните утрински часови.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска, околу 4.30 часот пред домот на 22-годишниот К.С. на улицата Крагуевачка во Прилеп непознато лице фрлило молотов коктел.

Од експлозијата била запалена влезната врата, но К.С. успеал да го изгасне пожарот пред да се прошири.

Полицијата работи на откривање на сторителот и мотивот на инцидентот.