Молотови коктели, солзавец и мигранти на грчко-турската граница

Молотовите коктели со запаллива течност повторно летаа преку грчко-турската граница во петокот, додека група мигранти се обидела да се пробие преку оградата во текот на ноќта, пренесуваат агенциите.

Грчката полиција со солзавец и водени топови настојувала да ги одбие мигрантите, и да го изгасне пожарот.

Инцидентите станаа вообичаени последните две седмици на граничниот премин Кастаниес-Пазаркуле на северната граница долга над 200 километри.

На друго место во петокот голема група мигранти наводно минала од Турција во Грција преку морето. Чамците со 75 луѓе пристигнале на грчкиот остров Лезбос во петокот, според грчката државна телевизија ERT.

Само мал број мигранти успеале да преминат преку морски пат, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ѝ нареди на крајбрежната стража да ги запре мигрантите на море на 7-ми март, наведувајќи ја загриженоста за нивната безбедност.

Во Атина, портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас, ги повторни обвинувањата дека Турција ги користи мигрантите како алатка за притисок да се исполнат нејзините барања кон Европската унија.

Мигрантите масовно јурнаа во граничната зона надевајќи се дека же влезат на територијата на Европската унија, откако Турција на 29-ти февруари објави дека границата е отворена и дека нема повеќе да ги запира. Грција тврдо одговори и најави дека нема да дозволи никог нелегално да влезе на нејзина територија од Турција.

Челниците на ЕУ кои се упорни на тоа границите да останат затворени, во согласност со Турција од 2016 година, ја поддржаа Грција. Во согласност со договорот, ЕУ вети шесет милијарди евра за Турција за згрижување на околу 3,5 милиони мигранти и бегалци на нејзината територија, кои сакаат да се префлат во богатите западноевропските земји.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави претходно седмицава дека неговата земја сака да се измени споменатиот договор. Анкара вели дека ЕУ не го одржала своето ветување, како и дека таа не може повеќе да се носи со новите беглаци од последната зона на судирите во соседна Сирија. Претседателот Ердоган во вторник треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон во Истанбул, а оваа тема ќе доминира на разговорите.