Момче од Арачиново се удави во Грција спасувајќи дете

Младиот Бурхан Латифи од Арачиново го даде животот за да спаси дете кое побарало помош во морето во Грција каде бил на летување.

Бурхан бил првиот кој притрчал да му пружи помош но спасувајќи дете тој не успеал да се спаси себе си.

Беше жив и здрав. Отиде во Грција да се одмори, но таму се случи трагедија, вели во тага семејството на 22 годишното момче кое се прости од единствениот син.