Момче почина од струен удар во Тетово

Дваесет годишниот Л.А. од Албанија вчера вечера починал како последица најверојатно на струен удар во Тетово.
Несреќата се случила на улицата „Дреновец“ во куќа каде Л.А. престојувал со уште две лица исто така од Албанија.

Момчето влегло во бањата, а по некое време паднат на подот го пронашол неговиот пријател кој излегол на улица и повикал помош. Смртта кај момчето била констатирана од лекар на Итна медицинска помош која била повикана.

Увид на лице место бил извршен од полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.