Момче прегазено од воз кај Ново Село: Утврден идентитетот

ФОТО: Нетпрес

По завршување на увидот на местото каде синоќа се случи железничка несреќа, во близина на скопско Ново село, полицијата го утврди идентитетот на трагично загинатото момче прегазено од воз.

Станува збор за 27-годишниот Крсто К. од Скопје, кој на лице место им подлегнал на повредите откако во него удри товарен воз кај новоселски пат, што сообраќал на релација граничен премин Долно Блаце-Трубарево.

Телото на 27-годишното момче прегазено од воз по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. Полицијата ги утврдува причините за несреќата.

Нетпрес синоќа неофицијално објави, дека Крсто извршил самоубиство, поминувајќи ја пругата кога возот поминувал.

Очевидци за Нетпрес изјавија дека, момчето се прекрстило и застанало на пругата пред товарниот воз.

Според неофицијални информации, причината за самоубиството е невозвратена љубов, односно, момчето се фрлило под возот затоа што девојката му раскинала.

Страшната железничка несреќа се случи синоќа околу 20.00 часот.

 

Повеќе фотографии од местото на несреќата на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.