Момче ѝ се заканувало на девојка со објавување компромитирачки фотографии

Момче од кумановското село Љубодраг заработи кривична пријава поради уцена откако од девојка побарал три илјади евра за да не објави на социјалните мрежи нејзини фотографии со компромитирачак содржина, извести во средата СВР Куманово.

Осомичениот 27-годишен А.А. од Љубодраг кон средината на мај годинава на социјалната мрежа Facebook, од својот профил, ѝ се закани на девојка од Куманово дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде 3.000 евра.

Откако случајот бил пријавен во кумановската полиција и по спроведените мерки, СВР Куманово денеска поднела кривична пријава против пријавениот.