Момче тешко повредено во сообраќајка кај Гостивар

Дваесет и едно годишниот А.Д. од гостиварско Дебреше е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила на регионалниот пат село Градец – Гостивар.

Младиот возач со автомобил „рено клио“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во бетонска бандера.

Возачот со друго возило бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.