Момче убиено во основно училиште во Полска

Малолетник починал во основно училиште во Полска после кавга со друго момче откако бил избоден со остар предмет, соопштила денеска полската полиција.

Полицијата навела дека лекарите не мпжеле да го спасат момчето и дека засега не е познато што била причината за кавгата. Името и староста на убиеното момче не се познати.

Соучениците од основното училиште се на возраст од 6 до 14 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.