8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Момче во Скопје прегазено и оставено на улица

Деветнаесетгодишно момче во петокот попладнето било удрено од автомобил, чиј возач по несреќата побегнал од местото.
Несреќата се случила во 17 часто на улицата „Босна и Херцеговина“ кога засега непознато лице управувајќи автомобил „мерцедес“ удрилo во пешак и избегало. Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Настраданиот е идентификуван како 19-годишниот И.С. од Скопје, кој бил прегазен и оставен на коловозот. Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во Градска општа болница „8-ми Септември“.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.