5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Момче чувало 110 мачки во стан од кој е протеран, здруженијата во паника

Здруженијата за заштита на животните во јужна Шпанија, во регионот на Валенсија, итно бараат привремени или трајни домови за 110 мачки откако нивниот сопственик е протеран од станот каде што живеел, пишува Гардијан.

Вработените во Спаме Сафор, засолниште за животни во југоисточниот шпански град Гандија, првично мислеле дека има ‘само’ 96 мачки, но вчера вечерта здружението објави дека засолниле вкупно 110 и сега итно бараат помош во нивна грижа барем ддоека се вакцинирааат или стерилизираат.

Мачките останале без сместување откако нивниот сопственик,заедно со мачките беше протеран од станот од 100 квадратни метри во кој живееле.

– Се чини дека сопственикот посвоил неколку мачки пред три години и оттогаш тие постојано се размножувале, вели Салвадор Тормас, вработен во засолништето за животни.

Здружението се пожали дека немаат доволно простор за сите мачки затоа што веќе се грижеле за околу двесте мачки.

Тормас вели дека во петокот зеле 48 мачки, а во саботата дошле да ги земат другите за да му помогнат на нивниот сопственик, кого го опишале како помлад маж.

– Тоа е катастрофа. Некој требаше да му помогне на тој човек, рече Тормас.

Вработените во прифатилиштето ги повикаа локалните власти да помогнат во грижата за животните и тие сега работат од утро до вечер за да обезбедат сместување за мачките и побарале помош од неколку помали здруженија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.