Момче го загуби животот во излетување од патот во кавадаречко

65

Дваесетгодишно момче од кавадаречкото село Возарци го загубило животот во саботата рано утрото, откако со својот автомобил излетал од коловозот на регионалнит пат

Во кавадаречката полициа утрово во 4 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дреново – Кавадарци, патничко моторно возило „форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Х.М. од селото Возарци излетало од патот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.