На шеталиштето во Будва вчеравечер околу 23:15 часот 23-годишниот И.П се здобил со повеќе убодни рани, најверојатно предизвикани од нож, соопштуваат од црногорската полиција.
Жртвата пред полицијата одбила да каже како дошло до нападот. Тој моментално е префрлен во општата болница во Котор каде му се укажана медицинска помош.
Истрагата е во тек.