Момче киднапирано пред ПМФ

Дваесет и двегодишно момче од Скопје вчера попладне е киднапирано на паркинг простор пред Природно математичкиот факултет во скопје од две други момчиња, информира денеска полицијата.

Дваесет и петгодишниот И.С. и една година помладиот В.Ш. околу 12,40 часот го грабнеле О.Ј. и ги турнале во нивното возило „тико“, а потоа се упатиле кон парк шумата „Гази баба“. Припадници на полициската едница „Алфи“ успеале да ги пронајдат и да ги уапсат киднаперите кои се приведени во полициската станица во Авткоманда.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.