Момче од Делчево починало поради компликации од Ковид-19, во Германија, а неговото семејство нема доволно пари за да организира транспорт на телото, за тој да биде погребан во Македонија.
Гоце имал само 32 години.
-Ве замолувам сите од се Срце во овој тежок момент исполнет со бескрајна тага и голема болка да и помогнеме на сопругата Дијана која нема скоро никој свој тука освен сите нас, се надевам во овој тежок момент и апелирам до вашите хумани Срца за помош. Секоја мала помош е огромна помош за Дијана. Поради ситуацијата е наједноставно за помошта да ја донирате на сметка. Помагајте добри луѓе – пишува Бошко Васев преку социјалните мрежи, кој е близок со семејството.
Под објавата стои и сметката за сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат телото на Гоце да се донесе во Македонија
ЈАНЕ ЈАНЃЕЛОВСКИ
Комерцијална Банка
Број на Сметка: 300057073987370
Средства ќе се собираат и во црквата Св. Никола, Мајнц, во текот на целиот ден.