Момче од Македонија се удави во Јадранското Mоре

22 годишно момче од Македонија се удави вчера на плажата Утјеха, помеѓу Бар и Улцињ, објави агенцијата СРНА.

Момчето се удавило околу 18 часот. На телото немало траги на насилство, а дополнително треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските медиуми.

Според објавите во локалните медиуми, момчето требало да работи како сезонски работник во Црна Гора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.