Момче од Шпанија се удави на отворениот Олимписки базен во Битола

22-годишно момче од Шпанија попладнево се удави на отворениот Олимписки базен во Битола.

Несреќата се случила околу 17 часот, а безуспешни биле обидите на лекарите од Итната помош за негова реанимација, по што е констатирана смрт кај младиот шпански државјанин кој престојувал во Битола.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата во Олимпискиот базен на градското Шеталиште, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините и околностите за овој трагичен настан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.