Момче приведено откако кај него се откриени дрога и оружје

Двасетгодишно момче од тетовско било приведено, откако во четвртокот ноќта, полицајци при преглед откриле кај него марихуана и нож

Вчера околу 20.50 часот на регионален пат Волковија-Тетово, во Челопек, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане – СВР Тетово го лишиле од слобода И.С. од селото Требош, тетовско, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 40-годишниот Б.И. од Тетово, му биле пронајдени и одземени марихуана и нож.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.