Момче приведено во Кочани, осомничено за растурање наркотици

Дваесет итригодишен жител на Кочани е приведен во петокот ноќта, откако при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкеста материја.

Како што известуваат од Министерството за внатешни работи вчера околу 23,40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М., на 23 години од Кочани.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.