Mомче се удави во базен во Виница

Вчера во 15.23 часот во СВР Штип, Д.П.(38) од Виница, пријавил дека во базен од куќа сопственост на Р.Б. на ул.„Маршал Тито“ во Виница го пронашол удавен П.З.(28) од Виница.

Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Виница телото било извадено, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош Виница, при што не биле констатирани траги на насилство.

Телото на починатиот било предадено на семејството.