Две момчиња се синоќа биле нападнати од непознати лица во Стара Чаршија.
Напаѓачите физички ги нападнале оштетените, при што на Ј.А. му нанеле убодна рана од остар предмет и истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му е констатирана телесна повреда.
Б.Б. од кого биле украдени 2.000 денари, е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ Скопје каде му е констатирана скршеница на носот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.