МОН го крши законот, нема учебници, родителите мора да копираат, вели Јаневска, иако образованието е бесплатно по закон

Во моментов се случува хаос во образованието. Родителите кажуваат дека мора да копираат книги, а образованието е бесплатно по закон, значи државата го крши законот. Наставниците се принудени да подготвуваат материјали кои треба веќе да им се подготвени и направени и би предупредила дека ако изборите бидат во мај, тоа значи дека уште сега треба да ги подготвуваат учебниците за да има готови учебници за на 1 септември следната година, изјави претседателката на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска во утринска емисија на Алфа телевизија.

Таа истакна дека неверојатно е што министерот тие што треба да го брифираат не го брифираат, а второ ја слуша и јавноста и конечно треба да се запраша и провери дали има учебници.

– Министерот дава изјави и не можам да поверувам дека нема точни информации за учебниците. А точните информации се дека нема учебници и тоа не само во Скопје, туку нема низ целата земја.. во различни училишта недостасуваат различни учебници, но недостасуваат од прво до деветто, но и во средно. Ние постојано предупредувавме дека ова ќе се случи. Начинот на кој се однесува министерот е просто изненадувачки, рече Јаневска.

Во однос на бројните грешки, лошиот квалитет Јаневска вели дека тоа е затоа што се брзало и затоа што веројатно се потпишувало без учебниците да се рецензираат.

– Моите сознанија велат дека се инсистираше одредени луѓе да бидат автори на учебниците, за да работат по новата концепција. Направија притисок на автори кои им беа подобни и брзаа да ги направат книгите. Не може да се направи учебник за еден месеци, брзаа, во тоа брзање и за да го скратат времето, мислам дека и одреден број рецензенти беа приморани да потпишат без да прочитаат. Потоа истото и во Националната комисија истото, изјави Јаневска.

Таа нагласи дека свесно се прави ова за да настане се поголем хаос во општеството и да се намали одговорноста на најодговорните.

– Виновни се и политиките кои оваа власт се обиде да ги спроведе. Мила Царовска укина учебници, свесно не сакаше да печати велејќи дека ќе направи дигитални, а не направија ни дигитални. Но ќе се смени власта и ќе се побара одговорност, ова е преголем крах. Да немате учебници за да учат децата е срамота и ќе има одговорност, потенцираше Јаневска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.