Деновиве има доста реакции од страна на училиштата, наставниците, родителите, па и од некои општини, за несериозноста на дадените насоки кој на почетокот на учебната 2023/2024 година, Бирото за развој на образованието (БРО) носи несериозни насоки за планирање, организација на наставата од прво до шесто одделение во основното образование. Ваквите насоки до училиштата, која секако е во взаемна соработка на МОН и БРО се создава хаос во училиштата, дискриминација и невидени парадокси. Кој за истите овие парадокси, дискриминација и реагираше и претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).
Да ги потсетам читателите: КСЗД-констатира дека од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветогодишното основно образование, на почетокот на учебната 2023/2024 година, МОН не обезбедило 43, односно недостасуваат 34 отсто учебници. Па така, по наставни јазици учебници ќе имаат само учениците од првите и вторите одделенија. КСЗД истакнува дека со ваквиот чекор е направена дискриминација врз учениците кој е загарантиран согласно нашиот Устав. Според извештајот, по ниту еден задолжителен предмет учебници ќе немаат учениците од шесто одделение по вкупно десет (10) наставни предмети за кои сеуште нема одобрување. Исто така, и учениците од третите одделенија ја почнуваат оваа учебна година без ниту еден учебник по сите задолжителни предмети. Учебниците по Македонски, Албански, Турски и Босански јазик не се готови. Во иста фаза се и учебниците по Природни науки и Општество. Учебници по Математика ќе нема… Учебници по Македонски јазик ќе немаат учениците кои следат настава на Албански, Турски, Српски, и Босански јазик од четврто, петто и од шесто одделенија… Како и за други учебници. Со ова се прекршува Законот за основно образование во однос на Конвенцијата за правата на детето- основното човечко-детско право, а тоа е право на образование, кој е најдобар интерес на детето. Второ, се постапува спротивно на Уставот, се врши дискриминација врз учениците, кои се ставаат во нерамноправна положба со сите деца, а тоа е со немање елементарни потреби од учебници и други помагала еднаков третман како сите деца, без разлика на национална, верска припадност. Овој министер не чувствува одговорност!
Трето, заедно со директорот на БРО за ваквите непромислени, a свесни потези го прекршуваат најдобриот интерес децата кој Македонија го има ратификувано, а тоа е меѓународниот документ – Конвенција за правото на детето.
Министерот ветува учебници за трето и шесто одделение – „ЌЕ ИМА“?
Веќе трета година ветува, и вети и на Комисијата за дискриминација дека ќе има учебници за третто и шестто одделение во новата 2023 година, и тоа од септември. А, месецот поминува, сега ветува октомври. Ама, службите во МОН и БРО кажуваат дека министерот не кажува за која година „ЌЕ има учебници“? Манипулира! Учебници нема да има? Тоа доволно говори со дадените Насоки за планирање, организирање на наставата од прво до шестто одделение од страна на БРО, до сите основни училишта На потег се институциите: ЗЕЛС – за општинските училишта, Народен правобранител, Хелсиншкиот комитет во Македонија, невладини организации кои третираат прашања од детските права и слично.
Дали ќе има учебници?
Согласно дадените Насоки за планирање, организирање на наставата од прво до шестто одделение од страна на БРО, до сите основни училишта, а во која стои: „Наставата по сите предмети не се базира на учебник, туку на наставната програма“. Наставникот на час не реализира лекција од учебникот, туку активности кои водат кон постигнување на стандради за оценување од наставната програма. Па понатака, видите парадоксалност, стои: „Учебниците можат да се користат на часовите само доколку содржат вежбовни или други активности што се предвидени за работа на час, каков што е случајот со учебници од прво до трето одделение… Како замена на учебниците може да се користат материјали за учење подготвени од БРО. Ако нема учебници? Значи по логиката на овие „господа незнајковци“, учебникот не е основно наставно средство и извор на знаење и свесно се оди да нема учебници… исказ од БРО?! Хаос!
Што пишува во Законот за учебници за основното и средното образование
Спротивно дадените Насоки за планирање, организирање на наставата од прво до шестто одделение од страна на БРО, во Законот за учебници пишува член 2 цитирам: „Учебник, во смисла на овој закон, е основно наставно средство и извор на знаење за остварување на воспитно-образовните цели утврдени со наставниот план и програми на основното и средното образование“.
„Господа незнајковци“ овој образовен хаос што го правите и ги манипулирате училиштата, наставниците, родителите и одите спротивно Законот за учебници, е дискриминација кон учениците. Друго што не знаете е тоа што во Законот за учебници член 4 став 1 стои: „Учебник се изработува според наставен план и програми за соодветно одделение и предмет и Концепција за учебник, што на предлог на БРО ја утврдува министерот надлежен за образование“, па во став 2 од истиот член стои: „Со Концепцијата за учебник се определуваат научно-стручните и методолошки основи на учебникот, равојните воспитно-образовни функции, основите за мотивација и самостојно учење, дидактичко и методските стандарди за изборот и систематизацијата на содржините, дополнителни текстви, визуелните прилози, како и соодветноста на јазикот според возраста на учениците и градење јазична култура“.
„Господа незнајковци“. Учебникот е основно наставно средство за ученикот, а за наставникот патоказ за ученикот за нивно мотивационо и самостојно учење, дополнителните алатки кои се даваат е додатно надополнување на знаењата за остварување на воспитно-образовните цели согласно наставниот план и наставната програма.
Која е надлежноста на Бирото за развој на образованието (БРО)
Согласно Законот за БРО, кој е орган на државната управа во состав на МОН, со својство на правно лице и врши стручна работа од значење за развојот и унапредување на воспитанието и образованието во Република Македонија. Своите надлежности се утврдени со овој и други закони, и ги извршува врз основа на начелата на законитост, стручност, одговорност, ефикасност и транспарентност… Бирото на МОН му предлага наставни програми за сите степени на образование… врши и организира истражување во областа на образованието… и слично.
Дадените Насоки за планирање, организирање на наставата од прво до шестто одделение од страна на БРО до училиштата е спротивно на Законот за учебници, Законот за основно образование. Се констатира дека Бирото, иако е во нивна надлежност наставниот план и наставната програма, како надлежност да извршат истражување во областа на образованието во Република Македонија, на овој план Бирото не организирале, и не извршиле истражување во областа на образованието!.
Па оттука, дадените Насоки за планирање, организирање на наставата од прво до шестто одделение од страна на БРО до училиштата е направено без истражување на БРО и МОН за состојбите во образованието во Македонија. Со што насоките се спротивни на начелата на Законот на БРО, Законот за основно образование, туку тие се паушални, незаконити, непрофесионални и нестручни.
Последни направени систематски истражувања во образованието се направени исклучиво од страна на УНИЦЕФ, поткрепена со референци од Светска банка, Европската комисија, ОЕЦД… документ за политика за степенот дали Македонија ги искористува ресурсите за образование, односно колку училиштето е по мерка на детето? Состојбите во основните училишта во Република Македонија, а тие се почитувани читатели, наставници, родители, градоначалници загрижувачки, затоа повеќе за ова:
Види: Загрижувачки состојби во образованието
На што реагираат училиштата, наставниците, родителите
По добиените насоки за планирање, организирање на наставата од прво до шестто одделение од страна на БРО до училиштата, училиштата реагираат за хаотичноста на насоките, за кои има доста нелогичности и многу прашања. Со право училиштата бараат од Бирото да имаат стручни обуки и да се објаснат расчекорите кои се отвораат со насоките и законската регулатива. Понатака, со право училиштата реагираат и прашуваат и тоа:
- при планирањето на наставата да се користат електронска верзија на наставните програми и унифицирани урнеци за планирање на Веб страната на БРО. Наставниците да прават реорганизација согласно потребите во училиштето…
Оваа насока воопшто не им е јасна на наставниците. Насоките се дадени на почетокот на учебната година? Наместо Бирото навремено да ги објаснат овие насоки на училиштата, училиштата се ставаат во парадоксални состојби од страна на Бирото и МОН? Констатирам во разговор со советниците од Бирото дека и тие се изненадени од донесените Насоки и имаат нејасностии и различни согледувања!?
- Наставниците имаат задолжителен престој во училиштата, за реализација на настава од прво до шесто одделение. Шест саати дневно, без оглед дали се одделенски или предметни наставници. Во тој период од времето се реализираат редовната настава по задолжителни и изборни предмети, а остатокот од времето е наменето за реализација на воннаставните активности, додатна, дополнителна настава… Реакцијата на наставниците е во тоа што истакнуваат дека во поголем број училишта, урбани и рурални, наставата се изведува во две смени претпладне и попладне. Тогаш се поставува прашањето: Кога имаат по 6-7 наставни часови? Kако ќе се реализираат воннаставните активности? Дали има време и простор за изведување воннаставни активности, кога започнува втора смена на настава (меѓусменско проветрување и прочистување на училниците и другите услови од хигиенски аспект)? Констатирам дека сите воннаставни активности неможат да се реализираат од објективни причини. Тоа го констатираат и меѓународните истражувања извршени во основните училишта?
- Реализацијата на наставата по интегрални предмети во шесто одделение – Природни науки, Историја и Општество, Техничкото образование и Информатика со фонд на часови. Нејасно е кај училиштата и наставниците во делот на ангажираноста на наставниците, каде што ќе се обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно без оглед на одделение во кое ја реализира наставата. Некои можат да имаат повеќе од 20 наставни часа, а во друг период помалку од 20 наставни часа неделно, училиштето ќе им пресметува целосна плата во текот на целата учебна година.
- Оправдани се реакциите на градоначалниците, директорите, наставниците за ваквата исплата на плати, кои некои наставници со помал фонд на наставни часови ќе добиваат целосна плата во текот на целата учебна година. Зарем не е на повидок дискриминација? Исто така, на повидок е демотивација на наставниот кадар? Како ќе се одвиваат ваквите исплати на наставниот кадар, останува да се види наредните месеци? На повидок е голем ХАОС!
- Родителите бараат учебници за своите деца! Ги нема! Па, мораат да фотокопираат за делови од наставни предмети. Очигледна дискриминација! Ова ли е безплатно образование!?
Ваква појава, ваков хаос во образованието не паметат, како што велат одговорните во училиштата-директорите, наставниците, родителите, а загриженост се чувствува и кај градоначалниците. Но, не е мала загриженоста и на поголем дел на советниците од БРО.
Загрижувачки состојби во образованието!
Не е по мерка на НАЈДОБРИОТ ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес