МОН: Од денес почнува рокот за поднесување на документи за студентски стипендии

Од Министерството за образование и наука (МОН) известуваат дека рокот за поднесување на документи за студентски стипендии започнува денес, на 1 октомври, а ќе трае до 30 месецов. Од Министерството соопштуваат дека право на поднесување на документи за студентски стипендии имаат студентите кои ги исполнуваат договорените  услови за продолжување на стипендиите – односно студентите од втора, трета и четврта година студии.

Според огласот на МОН, корисниците на стипендија треба да поднесат потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение за положени испити со успех од претходните години,  УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години  како докази дека за положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија) од предвидените испити, односно дека го одржале просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација, а за повеќе информации, студентите може да се обратат на електронската пошта studentski.stipendii@mon.gov.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.