МОН потпиша меморандум за соработка со швајцарската амбасада за проект вреден 6 милиони франци

Промоцијата и подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование во државава преку унапредување и проширување на концептот на учење преку работа во компании, ќе биде во фокусот на работата на Министерството за образование и наука во следните неколку месеци, а поддршка за постигнување на поставените цели е обезбедена од Владата на Швајцарската конфедерација.

По овој повод, денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири и швајцарската амбасадорка во Скопје, Вероник Улман потпишаа меморандум за продолжување на успешната соработка воспоставена пред неколку години, а кој предвидува спроведување на конкретен план со повеќе заеднички активности до 2026 година.

„Меморандумот ќе овозможи продолжување на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, на која ќе и биде веќе четврта година како се имплементира во државава, проширувајќи и промовирајќи го дуалното образование како концепт кој се базира на учење преку работа во компании и дава голем придонес во подигнувањето на степенот на вработливост кај младите и скратување на времето на премин од образование кон работа“, рече Шаќири.от, изразувајќи благодарност до швајцарската влада за поддршката.

За амбасадорката Улман, задоволство е да се помогне кога видливи се намерите на Владата да создава квалитетен кадар кој недостiga во стопанството, но и напорите за развој и интегрирање на националниот образовен систем во европскиот образовен простор.

„Нашата собработка започна во 2018 година и оттогаш истата даде значајни резултати како за младите така и за приватниот сектор во Република Северна Македонија. Како дел од овој Меморандум за соработка, Швајцарија ќе одвои дополнителни 5,9 милиони швајцарски франци, со што вкупната поддршка на Швајцарија за реформите на системот за развој на стручни вештини во земјата ќе сезголеми на 12 милиони швајцарски франци “, потенцираше амбасадорката Улман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.