МОН ja демантира информацијата за повторно отворање на училиштата

Министерството за образование и наука ја демантира информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта во Република Македонија продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година.

„Информираме дека се работи за лажна информација и документ кој воопшто не е подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата. Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови.

За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност“, истакнуваат од МОН и нагласуваат:

„Апелираме да не се креираат и шират лажни вести, бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите нас“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.