МОН: Состојбата со учебниците е значително подобрена, идната седмици дистрибуција на дел од учебниците за шесто одделение

Министерството за образование и наука информира дека учебниците за шесто одделение кои се веќе одобрени од Националната комисија за учебници и имаат добиено ЦИП запис, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Задолжените за испорака се максимално одговорни и ангажирани, во договорот со училишните раководства ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд.

„Учебниците по албански јазик и природни науки на македонски јазик за шесто одделение за кои по одобрувањето од Националната комисија за учебници, добиен е ЦИП запис на 27ми, односно 29ти септември, додека договорите со авторите се потпишани на 2 октомври, се влезени во процес на печатење и испорака. Учебниците пак по македонски јазик и природни науки на албански јазик добија ЦИП запис на 4 октомври, додека договори со авторите се склучени денес и веднаш се предадени на одбраниот економски оператор за графичко уредување, печатење, по што дистрибуцијата ќе се спроведе во текот на следната недела. За учебникот по математика, денеска е потпишан договор со авторите“, се вели во соопштението на МОН.

Министерството за образование и наука потсетува дека согласно планот за реформирање на основното образование, во новата учебна година нови наставни програми се изработени за трето и шесто одделение и врз основа на истите, учениците добиваат и нови учебници. Учебниците за трето одделение се целосно испорачани минатиот месец.

Од МОН велат дека состојбата со учебниците годинава е значително подобрена, МОН испорача тираж од речиси 1,4 милиони учебници во основните, но исто така и во средните училишта, за кои, за прв пат по 15 години се изработија нови 150тина наслови на учебници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.