Монако и натаму без победа, Марсеј и Монпелје ремизираа со три црвени во продолжението

Во последната средба од шестото коло на француското фудбалско првенство Монако на гостувањето кај Ремс одигра без голови, па ниту по шест натпревари нема ниедна победа.

Екипата од Кнежевството во првите шест кола освои само два бода и е на 19-то место на табелата, а послаб е само Дижон кој има само еден бод.

Бордо испушти можност со победа против Брест да скокне на второто место, а мечот заврши 2:2. Џими Бранд го доведе домашните во водство во 6 минута, а гостите направија пресврт преку Семјуел Грандсир во 20 и Матијас Отре во втората минута од судиското продолжение на првиот дел, а израмни Пабло во 69 минута. Бордо моментално има 10 бодови со кои е на 6-то место, а Брест е 15-ти со 7 бодови.

Марселн на својот „Велодром“ одвај извлече реми, одогрувајќи 1:1 со Монпелје. Гостите поведоа во 17 минута со автоголот на бекот Бун Сара, а израмнувањето за домашните го донесе Валери Жермен во 74 минута. Гостите постигнаа уште два гола, но им беа поништени по прегледувањето на ВАР-от. Интересно е што арбитарот на овој натпревар во судиското продолжение исклучи поради кошкања и приговори двајца играчи на Марсеј, Бубакај Камара и Дмитри Пајет, а кај Монпелје, Жордан Фери.

Мец со 1:2 загуби дома од Амјен. Гостите поведоа преки Жуираси во 39 и Диабаси во 54 минута, а Диало намали во 68 минута. Мец е 18-ти со четири бодови, а Амјен е 14-ти со седум бодови.

Тулуз на гости со голот на Филипотез во 39 минута го совлада Нимс, кој сега е 11-ти со 8 бодови, колку што сега има и Тулуз кој се качи на 13-то место.

Ница со 2:1 го победи Дижон. Гостите поведоа во 22 минута преку Таварес, но домашните направија со пресврт преку Долберг во 29 и Атал во 47 минута. Ница се одржа на второт место со 12 бодови колку што има и ПСЖ кој има и меч помалку.

Во петокот Стразбур со пресврт во второто полувреме го победи Нант со 2:1. Гостите во 28 минута во водство ги донесе Кулибали, а Ленард во 66 и Ажорке од пенал во 89 минута им донесоа победа на домашните. Стразбур се качи на 16-то место со шест бодови, а Нант остана на 5-то место со 10 бодови.

Во недела играат Рен – Лил, Анжер – Сен-Етјен и Лион – ПСЖ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.